Одлична акција на Барселона: Гризман израмни на 1-1! (ВИДЕО)

Барселона израмни на 1-1 на гостувањето кај Наполи во првиот осминафинален меч од Лигата на шампиони, откако Каталонците создадоа фантастична акција со неколку прецизни додавања, а на крајот Антоан Гризман немаше проблем да ја затресе мрежата на италијанскиот клуб.