Од што ли е создаден овој фудбалер: Кимих постави нов рекорд во Баерн (ФОТО)

Деструктивецот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, постави нов клупски рекорд, објави „Опта“.

Дваесет и петгодишен Германец на натпреварот од 28. коло од Бундеслигата против Борусија Дортмунд одигран вчерашвечер во Дортмунд, истрча 13,73 километри. Кај играчите на баварскиот клуб ова е најголем резултат во дадената статистичка категорија.

Воедно, Кимих го постигна единствениот гол на натпреварот по кој Баерн ја зголеми предноста во однос на Борусија Дортмунд на врвот на табелата на седум бода.

Оваа сезона Кимих има 39 натпревари на сите натпревараувања, а постигна четири гола и асистираше шест пати.