Од пола терен ги „уби пајаците“, ама голчиштето на сезоната во Серија А го поништи судијата (ВИДЕО)

Калјари ја победи Фиорентина со 2-1 во синоќешниот меч од новата рунда во Серија А, но освен победата на Сардинија, ќе се памети спектакуларниот гол на фудбалер на домаќините, кој судијата го поништи.

Иако погоди од пола терен, па уште со страшно прецизниот шут ги „уби и пајаците“ од рамката од голот, погодокот не беше признаен и тоа од бизарна, но објективна причина. Арбитарот досуди индиректен удар, што значи не може фудбалерот директно да шутира кон гол. Сепак, фудбалерот на Калјари направи спектакуларен потег. Да беше регуларно, без сомнение уште сега ќе ја понесеше наградата – гол на сезоната.