„Од почит нема да ја коментирам ситуацијата во Реал“

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Висенте дел Боске, од почит кон клубот одби да ја коментира ситуацијата во клубот.

Искусниот стручњак беше тренер на „Кралскиот“ клуб од 1999 до 2003 година и  во тој период освои осум трофеи со Реал, меѓу кои и две титули во Ла Лига како и две во Лигата на шампиони.

Реал Мадрид во моментов е во лоша форма и работата на тренерот Зинедин Зидан е доведена под знак прашалник, па затоа се почесто се пишува за негова смена.

Не би ја коментирал сегашната ситуација од почит. Она што би рекол би можело да нервира некого или да предизвика дополнителен фокус во медиумите, истакна Дел Боске.

Инаку, поранешниот тренер на Шпанија неодамна индиректно го „пецна“ Зидан, велејќи дека „ако некој бил одличен играч, не значи дека ќе биде добар тренер - тие две работи не се директно поврзани“.