Од оригинални фудбалски дресови прават болнички носии за дечиња (ВИДЕО)

Фудбалскиот магазин, „Паненка“ започна прекрасна кампања со која ќе внесе барем малку радост во животот на дечињата кои се борат со тешки болести. 

Започната е иницијатива за претворање на оригинални фудбалски дресови во болнички носии за дечињата. Во кампањата учествуваат и фудбалерите, бидејќи дресовите се донирани од ѕвездите и биле носени за време на натпревар. 

„Болните дечиња секојдневно играат опасна игра, но ако облечат вистински дрест наместо зелена болничка носија, нивното расположение може да се подобри и ќе ги направи да се чувствуваат посилни“, велат од „Паненка“.