Од Ајакс потврдија: Зијех си заминува

По се изгледа нема да гледаме ништо од овој Ајакс следната сезона. Френк де Јонг е веќе во Барселона, Матијас де Лихт ќе го следни неговиот пример и ќе се пресели во Каталонија, голем е и интересот и за Дени ван де Бек, и за Душан Тадиќ, а сигурно е дека и Хаким Зијех ќе го напушти Амстердам.

Дека тој си заминува потврди поранешниот легендарен фудбалер на Ајакс, а сега нивен спортски директор Марк Овермарс.

„Тој ќе си замине. Кога ќе има нешто ново, сите ќе бидат известени. Зијех ќе си отиде кога ќе добие понуда од некој од најголемите клубови. Така се договоривме со него. Нема да му правиме проблеми кога ќе добие понуда која не се одбива. Интересот за него е голем“, изјави Овермарс.