Објавите на Роналдо и Фиго за загинатиот Коби предизвикаа многу контроверзи (ФОТО)

Португалските фудбалери Кристијано Роналдо и Луис Фиго, се меѓу многуте спортисти и познати личности кои оддадоа почит на трагично загинатиот НБА кошаркар - Коби Брајант.

После хеликоптерската несреќа во која загина Коби заедно со својата ќерка и уште седум луѓе, настана тага во целиот свет. Роналдо и Фиго исто така се збогуваа со поранешната НБА ѕвезда преку социјалните мрежи.

Но, нивните објави се во центарот на вниманието затоа што буквално се исти. Многумина сметаат дека или се копирале, или текстот им го објавила иста агенција која ги застапува нивните профили на социјалните мрежи.

Сепак, многумина сметаат дека намерата била иста, да му се оддаде почит на загинатиот Бранајт и сите членови кои биле во хеликоптерот, а некои велат дека тоа било напишано само „колку да помине редот“.