Објавен списокот за „Златна топка“: Познат е победникот, Роналдо го нема во топ-3! (ФОТО)

Утре вечер официјално ќе се прогласи освојувачот на „Златната топка“, а според медиумите, Лионел Меси ќе биде победник. Такво нешто покажува и фотографија, која се појави на интернет, а на неа се наоѓаат фудбалерите од прво до 10. место.

Според листата, Меси е победник со 446 бодови пред Вирџил ван Дајк (382), Мохамед Салах има 179 бодови, а Кристијано Роналдо е четврти со 133 бодови.