Обамејанг одбива нов договор од Арсенал - чека понуда од Барселона

Иднинат на Пјер-Емерик Обамејанг во Арсенал е неизвесна, бидејќи фудбалерот одбива да почне преговори за нов договор. 

Челниците на премиерлигашот се подготвени да ја продолжат соработката со Габонецот, но фудбалерот засега не сака да седне на преговарачка маса. Тој преку својот агент им порачал на „топчиите“ дека сака да ги одложи преговорите до крајот на сезоната. 

Англиските медиуми веднаш почнаа со шпекулации дека за Обамејнаг има интерес од таборот на Барселона, која бара засилување во нападот. Фудбалерот на Арсенал е интересен за Каталонците, бидејќи може да игра како најистурен во нападот, но одлично се снаоѓа и на левата крилна позиција.

Обамејанг со Арсенал има договор до јуни 2021 година.