Нурмагомедов откри кој би победил во тепачката помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку!

Пресметката помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку пред крајот на првото полувреме од синоќешниот четвртфинален дуел од Купот на Италија помеѓу Милан и Интер (1-2) предизвика огромен интерес во спортската јавност, на меѓу тие што ја прокоментираа јавно беше и поранешниот УФЦ-шампион, Хабиб Нурмагомедов.

Двајцата фудбалери прво имаа физички контакт односно се туркаа со главите, а потоа и тешка вербална пресметка во која паднаа исклучително тешки зборови. Сето ова, секако, беше во афект, но многумина се прашуваат што би се случило ако навистина дојде до тепачка помеѓу двајцата корпулентни напаѓачи.

Русинот Нурмагомедов на социјалните мрежи веќе го искажа своето мислење околу победникот на оваа замислена тепачка, а тоа е Ибрахимовиќ, со кого е во одлични односи. Но, Швеѓанецот истовремено е и голем љубител на боречките вештини, пред сѐ на теквондо, додека Лукаку е исклучително силен и е ептен тешко да се спречи кога е во налет, според искуствата на одбрамбените фудбалери кои го чувале.