Новото засилување на Тотнем мораше да ги брише сите „твитови“ за Арсенал (ВИДЕО)

Мет Доерти е најновото засилување за Тотнем, кој доаѓа од редовите на Вулверхемптон за 12 милиони фунти. 

Ирецот доаѓа да направи конкуренција на десната бековска позиција каде што игра Серж Орие, кој пак е на излезни врати од тимот.  Презентацијата на Доерти во новиот тим беше навистина интересна, бидејќи фудбалерот е голем навивач на Арсенал.

Градското ривалство помеѓу Тотнем и Арсенал е големо, па на неговата презентација мораше да ги брише сите „твитови“, кои ги има обајвено како подршка за „топчиите“.