Ново разочарување за Шалке: Вердер освои важни три бода во Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Шалке веќе 11 натпревари не знае за победа во Бундеслигата, а денеска загуби од Вердер Бремен со 0-1 на домашен терен во рамки на 29.коло.

За тимот од Гелзенкирхен ова е четврти пораз во низа, откако продолжи Бундеслигата по паузата поради пандемијата од коронавирусот. Леонардо Битенкурт беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во 32-та минута и тоа на мајсторски начин.

За Вердер ова беа важни три бода во борбата за опстанок и сега на претпоследната позиција има 25 бодови и натпревар помалку. Само три бода го делат од сигурната зона во која моментално се наоѓа Мајнц. Шалке е на 10.место на табелата со 37 бодови.

Херта продолжува да игра во одлична форма по рестартот на сезоната и по доаѓањето на Бруно Лабадија на клупата. Тимот од Берлин денеска со 2-0 славеше против Аугзбург и го освои 10-тиот бод на четирите натпревари одиграни месецов.

НА ОСТАНАТИТЕ ДУЕЛИ
Мајнц - Хофенхајм 0-1
Волфсбург - Ајнтрахт Ф. 1-2