Новиот дрес на Барселона потсетува на тој во кој ја освоиja Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Барселона денес го претстави својот домашен дрес за сезоната 2020/2021. Иако од порано беше откриено дека Барселона ќе го смени традиционалниот дизајн на своите дресови во пресрет на новата сезона, овој пат тоа беше официјално потврдено.

Поради новиот дизајн на дресовите навивачите на Барселона паднаа во транс, со оглед на претходното незадоволство кога на нив имаше квадратчиња. Сега се враќаат широките ленти, на кои им беше додадена жолта боја.

Во сличен дрес, Барселона ја освои Лигата на шампионите пред десет години.