Новинар му заблагодари на Ибра за интервјуто, па доби одговор: Бог секогаш е достапен!

Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ ја поддржа шегата на еден ТВ-водител, кој во текот на интервјуто го нарече Бог.

Ибрахимовиќ вчера со Лос Анџелес галакси победи со 2-1 против Минесота, а еден новинар му даде голем комплимент.

„Ибрахимовиќ, навистина го почитувам вашето време. Многу пати разговарав со Бог, но ова е првпат да ми одговори. Ви благодарам на времето“, кажа новинарот.

На тоа интересен одговор имаше и шведската легенда.

„Не грижи се. Кога ќе посакаш, може да разговаравме. Бог секогаш е достапен. Само погледни кон небото и јас ќе ти одговарам на твоите прашања“, одговори Ибра.