Нови киксови на Арсенал и Сити, маестрален пресврт на Вулверхемптон (ВИДЕО)

Екипата на Вулверхемптон со феноменален пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето кај Саутемпстон со 2-3, во рамки на 23. коло во Премиер лигата.

Иако домаќините водеа со головите на Беднарек и Лонг, и се се чинеше дека ќе продолжи победничката серија, но „волците“ за само 23 минути успеаја да го свртата резултатот во своја корист. Прво Нето намали во 53. минута, а потоа Раул Хименес со два погодока го сврте целосно резулатот.

Екипата на Арсенал продолжува во исто темпо кога е во прашање оваа натпреварувачка сезона на нив, откако денеска го запишаа и 11 реми во Премиер лигата. Иако „Топчиите“ водеа на домашен терен против Шефилд Јунајтед се до 83. минута, сепак Флик се погрижи за бод на „Емирати“.

Идентично како и Арсенал, така и Манчестер Сити не успеа да извојува победа на домашен терен, откако одигра само 2-2 против екипата на Кристал Палас. На ова реми најмногу му се исрадува Ливерпул кој има можност дополнително да ја зголеми и онака високата предност во однос на актуелниот англиски шампион.

На преостанатите натпревари, Брајтон ремизираше против Астон Вила, Норич го доби Бормут (1-0), додека Вест Хем и Евертон ги поделија бодовите (1-1).