Новата сезона во Премиер лигата ќе започне во септември?!

Како што пишуваат повеќето британски медиуми, раководството на Премиер лигата ќе им понуди на клубовите да ја започнат сезоната 2020/21 од средината на септември.

Според британскиот медиум , „Дејли Мејл“, овој предлог ќе биде изнесен на состанокот кој е предвиден за утре, на кој ќе бидат договорени условите за продолжување на сезоната 2019/20, што беше прекината поради пандемијата на коронавирус.

Претходно беше објавено дека сезоната 2019/20 во најквалитетното Англиско фудбалско првенство се планира да продолжи во средината на јуни.