Нова главоболка за Мурињо - му се повреди најдобриот стрелец!

По Пол Погба, уште еден фудбалер на Манчестер јунајтед се повреди. Станува збор за најдобриот стрелец сезонава, Антоно Марсијал.

Французинот натпреварот со Манчестер сити го заврши повреден, па беше принуден да го откаже повикот од репрезентацијата на Франција. Марсијал беше стрелец во градското дерби.

Марсијал на дуелот против Сити стигна и до шестиот овосезонски погодок на последните седум натпревари и со оглед на неговата форма, негово подолго отусуство би било сериозен удар за Мурињо.

Поранешниот напаѓач на Монако порано беше во конфликт со Мурињо, дури се шпекулираше и дека ќе го напушти клубот, особено бидејќи е незадоволен со минутажата која го чинеше место во репрезентацијата за Мундијалот во Русија.