Нов удар за Реал Мадрид: Се повреди и Брахим Дијаз

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Брахим Дијаз поради повреда нема да игра некое време за шпанскиот гигант. 

Реал Мадрид објави дека извршените тестови рано утринава откриле присуство на повреда на мускул во бутот. Сепак, клубот не го прецизираше точното време за враќање на играчот од средниот ред.

Поранешниот играч на Сити беше повреден и за време на летните подготовки, а моментално во амбулантата на шпанскиот гигант се Еден Азар, Марко Асенсио, Родриго и Ферлан Менди.