Нов проблем за Манчестер јунајтед: Мектоминеј четири недели во „аут“

Оле Гунар Солшер не може да крене глава од повреди во Манчестер јунајтед и никако не може да смета на своите најдобри фудбалери. 

На дуелот со Брајтон вчера во Премиерлигата се повреди и Скот Мектоминеј. Фудбалерот од средниот ред сезонава е меѓу најстандардните во тимот на „ѓаволите“, а од него поголема минутажа има само Хери Мегвајер.

Мектоминеј (22) го повреди скочниот зглоб и првичните информации се дека шкотскиот интернационалец ќе мора да паузира четири недели. Има истегнати лигаменти, а овие повреди се непредвидливи и бараат внимателна рехабилитација.

Солшер подолго време не може да смета на Пол Погба, а претходно надвор од теренот поради повреда беа и Ентони Марсија, Арон Ван Бисака, Лук Шо и други.