Нов проблем за Елмас, има повреда поради која е неизвесен за Аугсбург

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас уште нема настап во Бундеслигата оваа сезона, а изгледа ќе почека и по овој викенд бидејќи има повреда.

Лајпциг извести дека на еден од тренинзите Елмас добил удар во мускулот и неговиот настап против Аугсбург е неизвесен.

Тој не бил дел од последниот тренинг. Мечот меѓу Лајпциг и Аугсбург на програмата е утре од 15:30.