Нов камбек на Манчестер јунајтед: Деветта победа по ред на гостински терен (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед славеше со 3-1 на гостувањето кај Вест Хем во рамки на 11.коло во Премиерлигата. „Ѓаволите“ повторно направија пресврт во второто полувреме како и минатото коло. 

Томаш Соучек им донесе водство на „чеканите“ во 38-та минута од натпреварот. Јунајтед го почна пресвртот во 65-тата минута со прекрасниот гол на Пол Погба од далечина. Само три минути подоцна младиот Мејсон Гринвуд погоди за 1-2, а точка на натпреварот стави Маркус Рашфорд по една прекрасна асистенција на Хуан Мата. 

За Јунајтед ова е четврта победа по ред во Премиерлигата и останува перфектен на гостински терен со пет од пет. Интересно е тоа што ова е деветта победа по ред на Јунајтед на гости, ако се сметаат и натпреварите од ланската сезона.