Нотингем Форест го доведе најскапото засилување во својата историја

Повратникот во Премиерлигата Нотингем Форест ја направи втората голема трансфер-зделка ова лето. Поранешниот европски шампион го сруши својот клупски рекорд, бидејќи плати 17 милиони фунти за Таиво Авонији од Унион Берлин. 

Напапачот од Нигерија потпиша петгодишен договор со славниот англиски клуб. Изминатата сезона за германскиот клуб постигна 20 голови на 43 натпревари во сите конкуренции. 

„Мојот сон секогаш беше да играм во Премиерлигата“, рече Авонији.

Овој 24-годишен голгетер добро ја познава Англија, бидејќи беше дел од академијата на Ливерпул пред да се пресели во Берлин.

За „црвените“ не одигра ниту еден натпревар, а беше позајмуван во ФСВ Франкфурт, НЕК Нејмиген, Мускрон, Гент и Мајнц.

Нотингем претходно го договори и голманот Дин Хендерсон, кој доаѓа од таборот на Манчестер јунајтед на едногодишна позајмица.