Норвежаните се сомневаат во местенка: Судиите видоа дека голот за победа е нерегуларен (ВИДЕО)

Со голот на Жељко Муса во последните секунди, селекцијата на Хрватска синоќа се пласираше во големото финале на Европското ракометно првенство што ќе се одигра утре.

Хрватска и Норвешка одиграа две продолженија и по голема борба Муса му донесе големо славје на својот тим во последните секунди од мечот.

Така, избраниците на Лине Червар утре ќе играат за злато во Стокхолм против Шпанија, но шведските медиуми објавија дека голот на Муса е всушност нерегуларен. Тоа го потврди и членот на норвешката репрезентација, Кент-Хери Андерсон.

Муса влезе барем еден метар во шестерецот пред да ја добие топката, без сомнение. Не разбирам како судиите можеа да го дозволат тоа. Тие беа многу блиски и видоа сè, изјави Кент-Хари Андерсон за шведскиот весник „Афтонбладет“.