Нојер сака да игра во Баерн Минхен до 40 години

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер има договор со клубот до јуни 2021 година, а има голема желба истиот да го продолжи на уште многу години. 

Наводно, Германецот им соопштил на челниците на клубот дека сака нов петгодишен договор. Нојер сега има 34 години, па доколку навистина потпише нов петгодишен договор идното лето, тогаш ќе биде во клубот до својата 40-та година од животот.

Сепак, проблем е што „баварците“ барем засега не се расположени да му понудат толку голема соработка и планираат двегодишен договор за голманот. Баерн веќе го обезбеди потписот на Александер Нибел од Шалке, кој има 23 години и експрертите го сметаат за иден чувар број 1 на германската репрезентација.

Нојер доколку сака да остане во Баерн во иднина ќе мора да се согласи и на помала минутажа, бидејќи Нибел би требало да биде прв голман по 2021 година. Доколку германскиот репрезентативец не пронајде заеднички јазик со управата на Баерн, тогаш нема да му биде проблем да си пронајде нов клуб, бидејќи Челси веќе покажува интерес да го доведе на „Стемфорд Бриџ“.