Њукасл започнал преговори за трансфер на фудбалер од Барселона

Екипата на Њукасл во иднина ќе има далеку поголеми амбиции за освојување на големите трофеи, како во Англија, така и во европските натпреварувања. За сериозноста на клубот, најдобро говори тоа што челниците веќе стапиле во преговори со Барселона за трансфер на играчот од средниот ред Филипе Кутињо, пренесува „Скај Спорт“ повикувајќи се на „Мундо Депортиво“.

Според изворот, од Њукасл контактирале со раководството на Каталонците за да разговараат за можноста за преселба на 27-годишниот Бразилец.

Се соопштува дека трансферот на Кутињо е вклучен во плановите на потенцијалните сопственици на Њукасл од Саудиска Арабија, кои веќе се согласија да го купат клубот од сегашниот сопственик Мајк Ешли за 300 милиони фунти, но договорот сè уште не е официјално одобрен.

Кутињо има девет голови и осум асистенции на 32 натпревари за Баерн каде игра на позајмица.

Според трансфер-маркетот Бразилецот е проценет на 56 милиони евра.