Њукасл забрани ракување во клубот поради коронавирусот

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус денеска објави дека во клубот забрането е ракување порад страв од коронавирусот. 

Клубот се одлучил на ваков потег по совет на клупскиот доктор за да се намали ризикот од ширење на вирусот.

„Во Њукасл имаме ритуал секогаш да се поздравуваме со ракување кога ќе се видиме секое утро. Престанавме со тоа по упатствата добиени од докторот. Имаме одличен медицински тим тука и ќе не информираат постојано што да правиме. Како и секој човек, така и ние секојдневно сме залепени на тв-екраните и ги следиме случувањата и се надеваме дека нема да се прошири тука во Англија“, изјави Брус.