Њукасл прокоцка триумф во последните секунди кај Вулверхемптон (ВИДЕО)

Во последниот меч од 26. коло во англискиот шампионат Њукасл одигра 1-1 на гостувањето кај Вулверхемптон.

Њукасл се покажа како цврст противник во првото полувреме и достојно се бореше до крајот на првите 45 минути.

Во вториот дел следуваше апсолутна доминација на домаќините, но Њукасл ја искористи единствената шанса што ја имаше и погоди за 1-0 во 56. минута преку Хејден.

Вулверхемптон се обидуваше до крајот на мечот да стигне до израмнување, но некако не им успеваше, барем до 95. минута кога Вили Боли ги постави конечните 1-1.