Њукасл го шокираше Челси во 94. минута на „Сент Џејмс Парк“ (ВИДЕО)

Челси неочекувано загуби на гостувањетокај Њукасл на „Сент Џејмс Парк“, откако во 94. минута од мечот прими гол за пораз од 0-1.

Гостите од Лондон играа многу добро во првото полувреме, но не изградија ниту една посериозна шанса од која можеше да го загрозат противничкиот гол, а нешто слично беше и во вторите 45 минути, по што казната од Њукасл стигна преку Хејден во 94. минута.