Ниту пари, ниту слава: Откриена е причината за заминувањето на Санчез

Поранешниот фудбалер на Арсенал, а сега на Валенсија, Франсис Кокелан, ја открива вистината за преминувањето на Алексис Санчез во редовите на Манчестер јунајтед.

Пред да замине Чилеанецот од Лондон, Кокелан постојано ги негираше шпекулациите на медиумите дека Санчез заминува поради тоа што имало проблеми и несогласувања во соблекувалната, но сега одлучи да ја „отвори“ душата.

„Сите не нервираше со неговите глупости. Секогаш велеше: Јас само се трудам тука, играм сам против сите“, открива Кокелан.

Тоа предизвикало голема нервоза кај неговите соиграчи во Арсенал кои одлучиле да му покажат „каде е вратата“.

„Никој не сакаше да го каже тоа јавно, но цела соблекувална го мразеше, па одлучивме да му покажеме каде е вратата, за да замине од екипата. За тоа доказ може да видите во соблекувалната, каде што сега атмосферата е многу подобра“, вели фудбалерот.