Ниту милионите нема да го задржат: Гвардиола е подготвен да го напушти Сити!?

Пеп Гвардиола има договор до 2021 година со Манчестер сити, но „Мирор“ објави дека според клаузулата тој би можел да ја прекине соработката со англискиот премиерлигаш.

Шпекулациите за заминувањето на стратегот се чести во последните месеци, а тоа почна по незадволството на неговото семејство со животот во Манчестер.

Неговата сопруга Кристина, наводно, се преселила во Шпанија заедно со најмладата ќерка, па Гвардиола би можел да тргне венаш по нив.

Искусниот тренер во Манчестер стигна во 2016 година, а притоа освои две шампионски титули во Премиерлигата.