Ниту Милан, ниту Јунајтед: Ибрахимовиќ го објави неговиот нов клуб!? (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ со најновата објава на Инстаграм ги изненади своите фанови. За неговата иднина секој ден имаше различни шпекулации, па многу клубови се бореа за неговиот потпис, а очигледно шведскиот напаѓач решил да потпише за Хамарби.

Ибрахимовиќ на Инстаграм објави фотографија во дресот на шведскиот клуб на кој стои неговото име и презиме, но во описот не наведе за какво претставување станува збор.

На профилите на Хамарби засега нема никакви информации за евентуално ангажирање на Ибрахимовиќ, па останува да видиме што ќе се случи со Швеѓанецот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@hammarbyfotboll

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on