Ниту Меси не можеше да го одбие арапскиот шеик - мораше да ја прифати понудата (ФОТО)

Арапскиот шеик Турки Ал-Шеик ги собра најголемите ѕвезди на репрезентацијата на Аргентина кои изминативе денови се наоѓаат на Блискиот исток.

Претседателот и мнозински сопственик на Алмерија се стреми да го промовира својот клуб каде и да пристигне, а истото го стори и вчера. Кога ќе се добие повик од шеикот за гостување во неговиот дом во Ријад не може да се каже НЕ, а тоа потврдија и фудбалерите на Аргентина.

На чело на аргентинската експедиција која го посети Ал-Шеик беше капитенот Лионел Меси, а на него сруштво му правеа и Пауло Дибала, Родриго Де Пол, Серхио Агуеро, Џовани Ло Селсо...

Меси сакаше да го смири арапскиот шеик, откако Алмерија победи на само еден од последните десет натпревари против Барселона, каде игра Лионел Меси.

Аргентина утре игра пријателски натпревар со Уругвај во Тел Авив, по што Меси ќе се врати во Шпанија.