Ништо од ветеното: Џан реши тоа што го плукна - да го излиже!

Меѓу играчите кои сакаат да си заминат од екипата на Јувентус е и Германецот со турско потекло, Емре Џан. Тој не е пријавен за натпреварите во Лигата на шампиони, додека Маурицио Сари во првенството ретко кога го става во игра.

На враќањето на Џан во Премиер лигата инсистира Карло Анчелоти, кој неодамна го презеде Евертон, а на големо задоволство на Фабио Паратичи, преговорите се одвиваат одлично.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, Евертон му испратил понуда за Германецот што не се одбива, а воедно со евентуален трансфер во Премиер лигата, тој може повторно да го врати местото во германската репрезентација, која ова лето ќе игра на Европското првенство.

Џан во минатото им вети на фановите на Ливерпул дека никогаш нема да го облече дресот на Евертон, но преговорите одат сосема спротивно, па затоа тој е на добар пат да се пресели на „Гудисон Парк“.