Ништо од сензационалната реконструкција на „Бернабеу“ - Реал остана без 400 милиони евра!

Пред три години Флорентино Перез ја најави сензационалната обнова на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, но од таквите најави нема да има ништо поради раскин на договор со главниот спонзор.

Со реконструкцијата требаше да биде зголемен капацитетот, стадионот да добие подвижен покрив и семафор кој ќе може да се види од секој дел на трибините, но сепак таквите најави нема да се реализираат.

Реал долго време бараше спонзори за овој проект и лани наводно постигна начелен договор со партнери од Обединетите Арапски Емирати, односно владеачката куќа која под своја контрола ги држи најголемите компании во оваа држава. Станува збор за емиратска нафтена компанија (ИПИК) која пред неколку години ја купи втората најголема шпанска нафтена компанија.

Компанија вети дека ќе ги инвестира потребните 400 милиони евра за реализација на проектот, а во спротивно новиот стадион требаше да го смени името во „ИПИК Бернабеу“.

Сепак, според најновите најави од шпанските медиуми, компанијата ИПИК одлучија да го раскине договорот со Реал Мадрид, а како главна причини за тоа се наведуваат промените во првичниот план на реконструкција, кој содржеше и изградба на хотел и голем шопинг центар во близина на стадионот. Градот Мадрид му забрани на Реал да ги гради овие објекти и токму поради тоа ИПИК се откажува од инвестирање во Реал.

Се наведува и уште една причина за повлекувањето, а тоа е драстичниот пад на цената на нафтата кој се должи пред сѐ на ембаргото кое ОАЕ го спроведуваат врз Катар.

Според ваквиот развој на настаните, сега Перез ќе мора повторно да бара друг спонзор кој ќе инвестира во клубот 400 милиони евра, а дали ќе го најде останува да видиме.