Николов и Мол Види го „треснаа“ Хонвед и го освоија унгарскиот Куп

Мол Види и Бобан Николов го освоија унгарскиот Куп, откако со пресврт славеа со 2-1 против Хонвед.

Хонвед стигна до водство во 14. минута преку Холендер од пенал, а предноста успеаа да ја задржат до крајот на првите 45 минути.

Сепак, во второто полувреме тимот на Николов го притисна противник, кој успеа да го „скрши“ во последните минути.

Шчеповиќ во 80. минута израмни на 1-1, а во првата минута од судиското надополнување Хаџиќ ги постави конечните 2-1 за Мол Види.