Никој не е како Стерлинг - изнуди пенал за Сити и се запиша во историјата (ВИДЕО)

Манчестер сити игра против Фулам во 11. коло од англиската Премиерлига и во моментов води со 2-0, а првиот погодок на мечот го постигна Рахим Стерлинг, кој воедно се запиша во историјата.

Стерлинг изнуди удар од белата точка за неговиот тим и тоа беше вкупно 20. пенал кој е направен врз талентираниот фудбалер.

Англичанецот на таков начин успеа да се запише во историјата, зашто досега никој не успеал да изнуди 20 пенали во Премиерлигата.