Никако да му дојде памет: За црвениот картон на Балотели зборува цела Италија! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бреша и на петиот натпревар во Серија на успеаја да дојдат до победа. Тие денеска на „Марио Ригамонти“ ја пречекаа екипата на Калјари одиграа само 2-2.

Гостите поведоа во 21. минута преку Жоао Педро, а само шест минути подоцна Бреша израмни со голот на Торегросе. Во вториот дел домаќинот поведе преку истиот играч, а конечните 2-2 ги постави Жоао Педро во 68. минута.  

Веднаш потоа на сцена стапи - Марио Балотели. Тој влезе во 74 минута, а само шест минути подоцна поцрвене, откако со кунг-фу потег го удри Фабио Пискано, па судијата веднаш се фати за џебот.