Ни мајка му не би го препознала: Де Роси маскиран навиваше со ултрасите на Рома (ВИДЕО)

Поранешниот италијански репрезентативец, Даниеле де Роси, ќе остане еден од идолите на навивачите на Рома, а со својот потег кој го направи пред три дена, може слободно да го добие статусот на Франческо Тоти, кој важи за - бесмртник.

Де Роси пред неколку дена беше на римското дерби помеѓу Рома и Лацио, но не во ВИП ложата, туку меѓу ултрасите на „волчицата“ кои се наоѓаа на јужната трибина на „Олимпико“.

Како и да е, за да го следи мечот со своите фанови мораше целосно да се трансформира. Се маскираше со сива долга перика, брада, пластичен нос, очила и капа, и така потполно непрепознатливо отиде меѓу фановите и направи се што прават таму - пееше, скандираше и учествувше во кореографиите.