Ни Меси, ни Кејн - Роналдо е кралот на стрелците во 2018 година (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше критикуван за својата форма во првиот дел од сезоната, но во 2018 година се врати на старите навики и повторно е голгетерска напаст за противниците. 

Тој е најдобриот голгетер оваа календарска година со 21 погодок, повеќе од било кој друг фудбалер во петте најсилни лиги во Европа во сите натпреварувања. Португалецот постигна 18 во Ла Лига, од кои дури четири вечерва против Џирона, а три пати реализираше во Лигата на шампионите на двата дуели со ПСЖ во рамки на осминафиналето.

Интересно е тоа што вечерва против Џирона на „Сантијаго Бернабеу“ стигна и до 50-тиот хет трик во кариерата.