Неверојатно: Тер Штеген стана шампион и испадна од лига во иста сезона!
Интересно е тоа што Тер Штеген во првиот дел од сезоната беше дел од Барселона која ја освои шампионската титула, а потоа се пресели во Жирона, која минатата ноќ испадна од Ла Лига.
Тер Штеген не настапи на натпреварот поради повреда, а за Жирона во вториот дел од сезоната одигра само два натпревари.
Барселона ја заврши сезоната на прво место со 94 бодови, додека Жирона беше претпоследна со 41 поен.
Фото: FC Barcelona/Facebook