Неверојатно: Салах е еден од најлошите играчи во Премиерлигата!?

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, минатата година беше еден од најдобрите играчи во Премиерлигата, па постигна рекродни 32 гола и му помогна на својот тим да се пласира во финалето на Лигата на шампиони.

Меѓутоа, сезонава не може никој да го препознае на теренот, а според една статистика Салах е најлош играч во Премиерлигат.а

И покрај неговите три постигнати голови, Салах тоа го направил по 32 испратени удари, а меѓу нив седум се оценети како „големи шанси“.

Уште полош е неговиот резултат во делот за „очекувани голови“. Според тоа се одредува квалитетот на секој удар и процент на успешност на шутот.

Разликата помеѓу очекувани голови и реални голови е 2,91 и таа е најголема во првенството, а на второ место е Калум Вилсон од Бурнмут со резултат 2,34.