Неверојатно: ПСЖ ќе го плаќа Нејмар за да игра за - друг клуб!

Челниците на ПСЖ се решени да го тргнат Нејмар од тимот за следната сезона, дури и по цена да го дадат на заем во друг клуб, каде што самите би му ја исплаќале целата плата.

Според извори од клубот, тие веќе ги известиле Бразилецот дека ќе мора да се пресели во тим надвор од Франција. Најзаинтересирани за неговите услуги се Челси, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Барселона, кои би имале обврска потоа да го откупат неговиот договор.

Нејмар минатата сезона одигра 28 средби за „светците“ во кои постигна 13 гола со осум асистенции. Во ПСЖ е од 2017 година, а актуелниот договор му е со важност до 2025 година.