Неверојатно постигнување на Реал Мадрид: Прв тим до 6.000 голови во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид е првиот тим во историјата на Ла Лига што постигнал 6.000 голови.

Љубилејниот гол за „кралевите“ беше дело на Марко Асенсио, кој погоди за водство од 3-2 на гостувањето кај Бетис. Кристијано Роналдо веќе го постигна 6.001 гол за Реал Мадрид и му донесе водство на својот тим од 2-4.