Неверојатни 18 минути на ветеранот Туре против Стоук

Манчестер сити викендов одигра одличен натпревар против Стоук и славеше со убедливи 7-2 во рамките на 8-то коло од англиската Премиерлига.

Избраниците на  Пеп Гвардиола ја продолжија одличната серија во новата сезона и покажаа дека се наоѓаат во одлична форма. „Граѓаните“ против Стоук успеаја да постигнат дури седум гола и во сите сегменти да ја надминат противничката екипа. Сепак, во центарот на вниманието беше Јаја Туре.

Имено, Туре против Стоук ги одигра последните 18 минути, но имаше неверојатна статистика. Ветеранот за 18 минути имаше 61 точно додавање, што беше повеќе за разлика од било кој друг фудбалер на Стоук во текот на целиот натпревар. Исто така, дури и голманот на домаќините Едерсон имаше повеќе контакти со топката од било кој друг гостински играч.