Неверојатна храброст: Фудбалер на Аталанта го исмејува Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Аталанта во саботата го надигра Милан на „Сан Сиро“ и победи со убедливи 3-0. Во финишот од натпреварот вербален дуел имаа Златан Ибрахимовиќ и Дуван Запата. 

Провоцираше Колумбиецот, кој му рече на Швеѓанецот дека не може да реши натпревар ако не шутира пенал.

„Сакаш 13-тиот гол да го дадеш од пенал?“, праша Запата.

„Ти немаш одиграно толку натпревари колку што јас имам постигнато голови“, одговори Ибрахимовиќ.

Оваа размена на зборови беше причина Мартен де Рон да го испровоцира Ибрахимовиќ со видео објавено на социјалните мрежи. 

Многу храбро од страна на Холанѓанецот...