Неверојатен трансфер: Лајпциг даде 20 милиони евра за 16-годишен талент!

Лајпциг, единствениот тим кој претставуваше мала закана за Баерн Минхен во Бундеслигата, понуди неверојатни 20 милиони евра за 16-годишен фудбалски талент на Бенфика.

Станува збор за Умар Ембало, кој е доминантен во својата категорија помеѓу врсниците, кој најверојатно ќе замине во германската Бундес лига и тоа за неверојатна сума.

„Црвените ѓаволи“ исто така беа заинтересирани за овој фудбалер, а пред крајот на минатата година се зборуваше за негов трансфер, но се беше сопрено откако во трката за потписот на младиот фудбалер се вклучи Лајпциг, кој понуди многу повеќе пари.