Неверојатен пресврт: Реал Мадрид остана без планираното засилување (ФОТО)

Голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага беше пред трансфер во редовите на Реал Мадрид, но европскиот првак остана со празни раце.

Младиот чувар на мрежата потпиша нов договор со Атлетик Билбао со важност до 2025 година. Доби сериозно покачување на платата, а во новиот договор е вметната и откупна клаузула од 80 милиони евра.

Се чинеше дека Реал Мадрид го имаше договорено потписот со Аризабалага за 20 милиони евра уште овој јануари, но младиот голман се предомислил и реши да го прифати новиот договор од својот матичен клуб.