Пресврт: Мбапе останува во ПСЖ за неверојатно богатство

Килијан Мбапе одлучил да го продолжи договорот со ПСЖ на уште две сезони, јавува „Ле Паризиен“.

Актуелната соработка на Французинот со клубот истекуваше на 30 јуни годинава и беше многу близу до преселба во Реал Мадрид како слободен агент. Сепак, последните шпекулации велат дека напаѓачот и следните две сезони ќе остане на „Паркот на принцовите“ и ќе заработи неверојатни 200 милиони евра. 

Наводно тој ќе добива годишна плата од 50 милиони евра и плус ќе добие бонус за потпис на договорот од 100 милиони. Постои и клаузула за продолжување на соработка и на трета сезона.