Неверојатен потег: Ќе го спонзорира поранешниот тим и ќе игра бесплатно

Јакуб Блашчиковски најдобрите денови од својата фудбалска кариера ги мина во редовите на Борусија Дормтунд, каде играше осум сезони. Полјакот во залез на свјот фудбалски пат и реши да се врати во поранешниот клуб Висла Краков. 

Не е дека на одличниот Полјак му недостигале понуди од поголеми клубови, туку популарниот Куба сака да му помогне на својот поранешен тим за кого играше од 2004 до 2007 година, бидејќи се наоѓа во тешка ситуација.

Блашчиковски потпишал договор со Висла и за клубот ќе игра бесплатно, односно нема да прима плата. Она што е уште поимпресивно е фактот дека фудбалерот донирал голема сум на пари за да му помогне на клубот во тешката ситуација.

Засега не се открива колку пари уплатил Блашчиковски на сметката на Висла, но веројатно е значителна сума, со оглед на фактот дека тимот доби лиценца да се натпреварува во полската лига. 

Блашчиковски последните две ипол години беше дел од тимот на Волфсбург, една сезона играше и за Фиорентина како позајмен фудбалер од Борусија Дортмунд. За полската репрезентација има одиграно 104 натпревари.