Неуспешен и вториот обид на Јунајтед за да го купи Френки Де Јонг од Барса!

Манчестер јунајтед кој инсистира да го купи Холанѓанецот Френки Де Јонг во Барселона имал втор неуспешен обид за договор со Каталонците, кои инсистираат да добијат 86 милиони евра за трансферот.

Првиот обид со 60 милиони евра плус 10 милиони во бонуси Барселона експресно го одби, а според последните информации вчера имало втор обид и директни разговори на „црвените ѓаволи“ со Барселона, но без поголем напредок, зашто од „Камп Ноу“ останале на ставот дека сакаат 86 милиони евра комплетно обесштетување.

Барселона бара комплетна сума за трансфер без бонуси за да го исполни финансискиот фер-плеј и да прикаже приходи од трансфери, а потоа поради беспарицата да може со тие пари да купи фудбалери со кои ќе ја продолжи реконструкцијата на тимот, пред сѐ да го ангажира Роберт Левандовски од Баерн Минхен, кој има нескриена желба да дојде во Каталонија.